Пејачот Милан Станковиќ повеќе од една година не се појавува во јавност. Во регионалните медиуми се зборуваше дека пејачот наводно среќата ја пронашол во манастир и планира да стане монах.
По овој повод тој не се огласуваше, но по подолго време се огласи со нова фотографија на социјалните мрежи.
„Да седнеме и одмориме од пливање“ напиша Станковиќ на својот Инстаграм, а неговите следбеници го пофалија со коментари.
Инаку, неодамна медиумите исто така пишуваа дека неговата поранешна девојка Рада Манојловиќ исто така го молела да не оди во манастир.