Еден млад човек е повреден со чакија во тепачка што избила на фестивалот во Улцињ, соопшти Полициската управа на Црна Гора.
Според полицијата, тепачката се случила кога на фестивалот се судриле две групи млади момчиња.
Младото момче, кое е е избодено на две места е хоспитализиран во болницата во Бар, каде му е укажана лекарска помош и е надвор од животна опасност.
Истрагата е во тек.