СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС
СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!
Погрешна е информацијата дека е почината млада пациентка од Тетово, на возраст од 19 години. Направена е грешка во годината на раѓање, вели д-р Гзим Нуредини, координатор на ковид-центарот во Тетово.
Информацијата дека е почината 19-годишна пациентка ја објави Медиумската информативна агенција (МИА), но д-р Нуредини во изјава за Телма вели дека, поради грешка, е пласирана погрешна информација, а починатата пациентка е на возраст од 60 години.
„По грешка е дадена информација на медиум дека е почината 19-годишна девојка. Пациентката има 60 години. Имало некоја грешка во матичниот број и е излезено како да има 19 години“, вели д-р Нуредини за Телма.
Тој појаснува дека сите седум починати ковид-пациенти биле со хронични заболувања.
Координаторот Нуредини посочува дека жената имала и претходни заболувања. Таа страдала од дијабетес и имала прекумерна тежина. Поради тоа што била во тешка здравствена состојба, таа била ставена на респиратор за дишење.