Имам 26 години и водам живот како што водат и моите врсници. Втората доза на вакцината Фајзер ја примив во февруари и после тоа направив тест за антитела. Тестот покажа дека реагирам одлично на вакцината, односно дека бројот на антитела ми беше 10486,6 AU/ml.
Со оглед на тоа дека границата беше 50, јасно ми беше дека имам антитела повеќе од доволно. Вакцината го направи своето. Но оттогаш поминаа шест месеци и сега се соочувам со дилема. Кон средината на месец август во Србија започна имунизацијата со трета доза на вакцина, а јас не знаев дали да ја прифатам или да почекам неколку недели. Фала му на Бога не се заразив а одев на работа и излегував со пријателите.
Летово бев и во Грција и во Црна Гора. Во затворени простори носам маска, а речиси сите во мое опкружување се вакцинирани. Генерално, се трудам да ги почитувам сите мерки кои се на сила.
Имам и доверба во својот имунитет. Тренирам три пати неделно, се обидувам да се хранам здраво иако има моменти кога ги кршам овие правила, но во дозволените граници. Иако кога станува збор за благо, тешко се контролирам.
Кога беше соопштено дека Србија ќе започне со имунизација со трета доза, одлучив дека е време да ја решам мојата дилема и да направам тест за антитела. Отидов во лабораторија а резултатите ми стигнаа за два часа. Важно е да се напомене која вакцина сте ја примиле, бидејќи тестовите за антитела се разликуваат од вакцина до вакцина. Во мојот случај е Фајзер.
Кога стигнаа резултатите бев изненаден. Она што мене ми беше интересно е дека јас се уште имав антитела и тоа далеку повеќе од границата. По 6 месеци од втората доза и тоа со константен контакт со многу луѓе параметрите беа следни: бројот на антитела ми беше 2529,2 AU/ml – што би значело дека имам значаен имунитет на Ковид.
Што понатаму? По разговор со мојот матичен лекар, решив да почекам некое време за да добијам трета доза. Повеќе од очигледно е дека вакцината не’ штити од инфекција – но не само нас туку и вашата околина.