Брачниот пар Дона и Венер Џонсон од Јута одлучиле да купат домашен ДНК тест за да се забавуваат, меѓутоа, не им било до шега кога ги виделе резултатите од истиот.

Имено, кога Дона и Венер Џонсон купиле домашен ДНК тест, тие велат дека само сакале малку да се забавуваат и да го проучат своето семејно стебло. Меѓутоа, кога пристигнале резултатите од тестот, тие откриле дека нивниот 12-годишен син не е биолошки син на Венер. Тоа довело до многу недоверба и расправии, а во центарот на оваа приказна не е измамата на сопругата, туку нешто друго.

Имено, момчето било зачнато со ин витро оплодување и се покажало дека настанала конфузија, па јајце клетките на Дона биле оплодени со погрешна сперма.

– Нашиот живот се преврте по тој резултат, велат тие за локалните медиуми.

– Кога стигнаа резултатите и кога под името на нашиот син беше напишано името на мајката, додека кај таткото беше напишано „непознат татко“, јас бев шокиран. Па, јас сум неговиот татко! Во меѓувреме ја дознавме вистината и, се разбира, ништо не се промени во нашата врска. Тој се уште е мојот син и го сакам исто како и пред тоа знаење. Сепак, моравме да откриеме како настанала таквата конфузија. Клиниката ја призна својата грешка, вели Венер.

Тие не му ја кажале веста на својот син долго време, бидејќи им требало време сами да се совземат од шокот. По околу една година, тие започнале да го бараат биолошкиот татко на момчето – се покажало дека тој дошол на клиника истиот ден со нив. Се слушнаа по телефон, а потоа се сретнаа во живо.

Сега заедно поднесуваат тужба против клиниката.

– Ова е страшна негрижа и тие мора да бидат казнети за тоа, вели Венер.