Меган Фокс се уште ја ужива титулата на една од најубавите жени во Холивуд и манекенството. Нејзините фотографии на социјалните мрежи, на кои кои меѓу другото позура во разголена облека и секси пози, предизвикуваат и тоа како големо внимание.
Сепак, од нејзината последна објава, таа навести дека била критикувана затоа што неколку пати се фотографирала покажувајќи ги градите. На новите фотографии кои ги објави преку Инстаграм, 37-годишната убавица позира во проѕирен фустан низ кој и се гледаат градите.
Во натписот на својата објава таа „им фрла ракавица“ по оние кои негативно ги коментираат нејзините секси слики.
„Пред да почнете налутено да пишувате, тоа не се моите брадавици, смирете се. Тие се безбедно и целосно скриени, па не грижете се, напиша таа.
Можно е негативните коментари што таа ги добива да се должат на неодамнешните речиси голи снимки што таа ги објавува на Инстаграм. Изминативе неколку дена Фокс „игра“ со бели и црни комбинации кои, сепак, беа подеднакво разголени, покажувајќи неколку детали од нејзината беспрекорна фигура.