Српската фолкера Мина Костиќ важи за една од најзгодните и најатрактивни пејачки на балканската јавна сцена. Таа неодамна беше посетена од тимот на емисијата „Премиер“ на една од плажите на црногорскиот брег, кој направи интервју со неа. Мина тогаш откри и една трагедија што остави неизбришлива трага во нејзиното детство.
– Знам да пливам, но се плашам од длабочините. Не знам, можеби затоа што ја загубив сестра ми, кога имаше само 13 години се удави, поминаа 29 години од нејзината смрт, поточно во 1992 година се случи. Кога и да се сетам на тоа, ми е тешко, но потоа велам, претпоставувам дека мораше да биде така… можеби и поради сето тоа, имам страв од длабочина, вели Мина со растреперен глас.
Пејачката потекнува од ромско семејство и признава дека имала многу тешко детство, бидејќи вели дека тие денови биле многу тешки за неа, но тоа не ја спречило да продолжи да гради успешна музичка кариера.
– Бидејќи бевме десет деца, секогаш го нагласувам тоа, никогаш не криев дека потекнувам од многу сиромашно семејство, но јас сум талентирана и Бог ми даде глас да го правам тоа што сум сега. Не се срамам од каде потекнувам, па веројатно моите родители не беа во можност да не одведат на море, на базен или каде било, па немав ниту можност да научам да пливам, заклучува Мина.
Инаку, Мина Костиќ е родена во 1975 година во Белград како Минира Јашари. Таа е едно од десетте деца на Алија и Зоја Јашари, а пораснала во приградската населба Ледине. Нејзиниот татко е по потекло од Урошевац, а нејзината мајка од регионот на Пеќ.