Поранешниот фудбалер на Слога од Добој и тренер во младинските категории на клубот од Добој, Ведран Софиќ, ненадејно почина на 42-годишна возраст како последица на срцев удар.
Минатата година имаше некои проблеми со срцето, преживеа инфаркт, но денеска му се слоши и срцето не издржа.
Софиќ пред еден месец имаше операција на тетивата на ногата откако му пукна на натпревар на ветераните. И покрај се, иако беше во гипс, до кобниот ден продолжи да раководи со младинската школа на прволигашот Добој.
„Беше доверлив колега и пријател, на секоја акција пристапуваше професионално и одговорно, темелно и систематски. Зрачеше со посебна смисла за хумор. Беше посветен на младите играчи, нивната голема поддршка. На крајот на мај ги водеше јуниорите на Слога Меридијан во финалето на младинскиот куп на РС во Бања Лука против Борац“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на РС.
Покрај тренерската функција, тој беше и службено лице и извршуваше должности делегат во Регионалната лига на РС Група Центар, и Првата лига на РС.