Почина Ивица Зафироски – Муљавка, поранешен припадник на единицата за брза интервенција „Лавови“, објавуваат со тага од единицата која беше расформирана во 2003-та година.

– Ги известуваме сите наши припадници и симпатизери дека денеска почина наш бивши припадник Ивица Зафироски – Муљавка од с. Брвеница, Тетовско ВЕЧНА МУ СЛАВА!, соопштено беше вчера на Фејсбук страницата на единицата „Лавови“.

Од Зафироски на социјалните мрежи се простуваат негови роднини, пријатели и колеги кои безизмерно жалат за големата загуба. Неофицијално, Зафироски починал како последица од Ковид-19.

Вечна му слава! Нека почива во мир!