Почина претседателот на српската Партија за правда и помирување (СПП), Муамер Зукорлиќ, јавуваат српските медиуми.

„Муамер еф Зукорлиќ се пресели во Ахирет (другиот свет). Веста ми ја потврди муфтијата Мевлуд Дудиќ, кој од Грац се враќа во Нови Пазар, објави новинарот Мирнес Ковач на својот Фејсбук профил.

Зукорлиќ беше поранешен претседател и главен муфтија на Мешихатот на Исламската заедница во Србија.

Да потсетиме, Муамер Зукорлиќ, претседателот на Партијата за правда и помирување и пратеник во српскиот парламент, беше кандидат за врховен поглавар на Исламската заедница во Босна и Херцеговина.

На изборите во 2012 година учествуваше како кандидат за Претседател на Србија. Освои 1.39% од гласовите.

Тој има две сопруги, кои живеат одвоено со своите деца. Зад себе остави осум деца.