Познатиот музичар Горан Бреговиќ вечерва настапи на фестивалот на пивото во Корча во Албанија, кога се случи инцидент што предизвика голема конфузија, пренесуваат албанските медиуми.

Имено, на настапот на Горан беше фрлен солзавец, па многумина одлучија да го напуштат фестивалот.

Децата и постарите се упатија директно кон излезот, додека на едно лице му беше укажана лекарска помош и заврши во Итната помош, пренесува faktor.al.

Откако ситуацијата се смири, концертот продолжи, а по оваа информација, српските медиуми контактирале со тимот на Бреговиќ, кој се уште не коментира што се случило.

Според „КоССев“, полицијата фатила млад човек осомничен дека фрлал солзавец.

Најавата дека Горан Бреговиќ ќе настапи во музичкиот дел на фестивалот во Корча предизвика бура од негативни коментари и обвинувања во косовските медиуми, за кои медиумите претходно пишуваа.

Тие изјавија дека тој „бил инспирација и идол на уб иствената српска војска за време на војните во поранешна Југославија“. „Газета експрес“ наведе дека Бреговиќ признал дека се сретнал со Радован Караџиќ, осуден за злосторства против човештвото во БиХ, и пренел делови од неговата изјава поврзани со таа средба.

Весникот, исто така, наведува дека Бреговиќ, кој стана почесен граѓанин на албанската престолнина во 2006 година, потоа го доби „клучот за Тирана“ од тогашниот градоначалник Еди Рама.

Инцидентот се слулчи и покрај тоа што албанското МВР според имаше превземено максимално мерки за безбедност на концертот бидејки деновиве имаше и директни закани за организиаторот за организирање на концертот во рамките на манифестацијата „Корчанско пиво“.

Претставник на општината Корча информираше дека Бреговиќ концертот ке го започне со мелодијата на албански јазик „Косовка“.

Тиранската телевизија „News 24“ денеска јави дека сепак за концертот на Брегович во Корча има голем интерес како кај домашните така и кај странските туристи. истиот извор додава дека денеска бил голем бројот на автомобили кои од Македонија преку преминиот „Ќафа Сан“ влегуваат во Албанија и се упатуваат кон Корча.

📷

📷

📷