Сите вработени во државните и приватните болници во Грција, кои не се вакцинирани, од утре ќе бидат на принуден неплатен одмор, со оглед на тоа дека истекува рокот на грчката Влада за задолжителната вакцинација на здравствените работници.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на вчерашниот редовен брифинг со новинарите објасни дека „законот што предвидува суспензија за оние кои не примиле барем една доза, ќе се спроведе и законот ќе се примени во целост“ и додаде дека дури и да решат невакцинираните да се имунизираат по 1 септември, не е сигурно дека ќе се вратат на истите позиции.

Според проценките, досега е се вакцинирани околу 85 отсто од вработените.

Против задолжителната вакцинација е грчката федерација на вработени во државните болници, кои минатата седмица одржаа масовни протести во Солун и Атина и истакнаа дека не се против вакцината, туку едноставно не се согласуваат имунизацијата да биде задолжителна.

Минатиот месец беше соопштено дека вакцинацијата од 16 август ќе биде задолжителна за сите вработени во центрите и институциите во Грција наменети за грижа на лица, а од 1 септември и за здравствените работници, како и за административниот персонал во болниците, здравствените центри, дијагностички центри, центрите за рехабилитација, клиниките итн., без разлика дали се приватни или јавни.

Според официјалните податоци, заклучно со вчера, во Грција над 5,7 милиони граѓани или 54,5 отсто од населението, односно 63,6 проценти од полнолетните граѓани се целосно вакцинирани, додека барем една доза од вакцината примиле над шест милиони граѓани, што е 57,3 проценти од целото или 66,5 од полнолетното населен