Еден млад живот згасна, а две девојки се тешко повредени како резултат на сообраќајна несреќа на главниот пат во хрватската општина Владиславци во близина на Осиек.

На местото на несреќата загина 27-годишна хрватска државјанка, додека 28 годишна девојка која била на местото на возач и 27 годишна патничка се пренесени во Клиничкиот болнички центар во Осиек.

Мештаните имаат само пофални зборови за овие три девојки. Опишувајќи ги како млади весели девојки, Матеа и Луја оделе заедно на училиште, додека Слаѓа требало наскоро да се омажи. Во сообраќајката загинала нејзината кума, објави 24 сата.

Минатиот викенд селото Допсин, кое се наоѓа во близина на Осиек, беше завиено во црно. Еден млад живот засекогаш згасна како резултат на сообраќајна несреќа на државниот пат во Владиславци.

Автомобилот, управуван од 28-годишна хрватска државјанка, се движел од центарот на Владиславци во правец на Чепин.

Кај куќата број 279, девојката изгубила контрола над возилото поради неприлагодена брзина на патот и автомобилот слетал во левиот одводен канал и со десната страна на возилото удрил во бетонскиот мост, пренесува 24сата.хр.

На местото на несреќата загина 27-годишна хрватска државјанка, додека 28 годишна девојка која била на местото на возач и 27 годишна патничка се пренесени во Клиничкиот болнички центар во Осиек, каде им се констатирани тешки повреди опасни по живот.

Хрватскиот портал пишува дека една од нив, девојката со име Слаѓа наскоро требала да се омажи, а нејзината кума починала во несреќата.