





Неверојатни сцени, како од холивудските филмови, се случија на тренингот на Партизан.
Имено, играч на Партизан беше уапсен во салата на ракометниот клуб, откако членовите на жандармеријата и УКП го срушија на подот и му ставија лисици на рацете.


По апсењето на осомничениот член на криминалниот клан Беливук во салата што ја користеше РК Партизан во Белград, се огласи директорот на клубот, Александар Благојевиќ.
Тој за порталот „Телеграф.рс“ изјави дека клубот е запознат со ова апсење и дека тој е играч од помладата категорија.


Потсетуваме, младиот човек беше уапсен во салата, затоа што членовите на жандармеријата и УКП го срушија на подот и му ставија лисици на рацете, а тој го носеше дресот на РК Партизан.
– Ние сме спортски клуб. Ние спортуваме, а во ракометната школа имаме повеќе од 500 играчи. Слушнав за апсењето и тој е играч кој е во нашата помлада категорија веќе десет години, вели Благојевиќ.