Морничава трагедија се случи за време на маратон во Кина, кога најмалку 21 учесник загинал за време на трката при големото невреме кое донесе силен дожд и град.

Дел од трката од 100 км бил на планинска патека на надморска височина меѓу 2.000 и 3.000 метри, а во акцијата на спасување на ниските температури учествувале повеќе од 700 спасувачи, но не можеле да ги спасат несреќните маратонци.