Семејство од Австрија заминало на одмор во Хрватска, но завршило на сосема погрешно место.
И сето тоа започнало сосема безопасно. Туристите, кои според тамошните медиуми најверојатно потекнуваат од Горна Австрија, имале намера преку Салцбург да стигнат до Хрватска, но неколку часа подоцна се нашле на западот од Германија во сојузната покраина Рајнланд-Пфалц.
За се е виновен навигацискиот уред во нивниот автомобил или внесена погрешна дестинација. Некои од нив го напишале Салцбург во Вестервалд наместо Салцбург во Австрија.
Семејството веќе почнало да се чувствува непријатно во неделата во 4:30 часот, бидејќи станало јасно дека повеќе не се во Австрија. Тие исто така сфатиле дека се оддалечени повеќе од 500 километри од посакуваната дестинација.
Имало само едно нешто што можеа да направат. Повикале полиција! Семејството конечно било пронајдено од полициска аптрола во Салцбург во Вестервалд и го испрограмирале вистинскиот пат до нивниот одмор. Не се знае дали сега стигнале на вистинското место.