Откако се вратиле од сечењето на бадникови дрвца, дошло до расправија во дворот од семејната куќа, а потоа и Стефан Џ. (21) извадил секира и со еден удар го убил сопствениот брат Нинослав Џ. (28).

Злосторството се случило на Бадник во нивниот двор во селото Држановац кај Житораѓе, пишува „Курир“.

Стефан откако го извршил делото седнал до својот убиен брат и заплакал. Во моментот кога ова се случувало, во куќата биле и сопругите и бабата Славица која ги чувала, како и децата на двајцата браќа.

Претходно Стефан се обидел со нож да го убие нивниот заеднички пријател, но тој се оттргнал и побегнал.

„Не можев да ги спречам, Стефан прво му извадил нож на другарот на Нинослав, па кога побегнал го нападнал Нинослав. Успеа да му го земе ножот, а Стефан потоа посегна по секира и го удри во глава“, раскажува низ солзи сопругата на Тања Илиќ.

Таа додава дека се започнало откако пијани се вратиле од селото.

„Прво Стефан почна да се расправа со мене. Ја спомна нивната покојна мајка и ме обвини дека претходно ја тепав. Тогаш бевме пред оваа наша нова куќа. Нинослав за да избегне расправија се симнал долу во старата куќа. Потоа Стефан тргнал по него и застанале во дворот. Тогаш се случи се“, вели очајна жена која со жртвата има четири малолетни ќерки.

Сè се случило многу брзо, по тепачката меѓу браќата, никој немал време да реагира, ниту можел, со оглед на тоа дека во тој момент во куќата имало три жени со деца.

„Го удри со секира во задниот дел од главата и Нинослав само падна, а потоа почна да плаче“, додава сопругата на жртвата.

А во околината велат дека Стефан бил кавгаџија и мрзлив човек. Со сопругата Виолета Авдиќ има син.

Велат дека тој бил насилен кон неа. За разлика од него, Нинослав бил вреден работник и домаќин. Како што велат, за три години успеал да изгради нова куќа за него и неговото семејство во дворот во кој сите живееле во старата куќа. Неодамна се вселил во нова куќа.

Стефан бил приведен и му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде сослушан во Вишото обвинителство во Прокупље.