СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС
СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!
newsit.gr: Часовите минуваат, надежите дека третото момче може да се пронајде живо полека почнуваат да избледуваат
Потрагата на Халкидики е во полн ек за 28-годишникот кој се води како исчезнат. Засега ниту еден знак на живот, во Посеиди, во часовите што минуваат бавно и мачно за неговите пријатели и роднини, пишуваат грчките медиуми.
Крајбрежни пловни објекти и хеликоптер на воздухопловните сили ја скенираат областа на Халкидики, но без да најдат знак на живот за 28-годишникот кој и понатаму се води како исчезнат.
– Часовите минуваат и надежите кои утрото се оживеаја со пронаоѓањето на неговиот пријател Иван, полека почнуваат да избледуваат. Неговите блиски се надеваат на чудо. Се надеваат дека 28-годишникот ќе биде пронајден жив на друго место од од она каде моментално се чешла теренот. Дека и тој нашол начин да остане жив, пишува newsit.gr.
Сè започнало вчера попладне на Халкидики, кога тројца пријатели се нурнале на опасно место во Посеиди, по роденденска забава. Неколку часа подоцна од водата жив беше извлечен 25 годишниот Васил, кој превентивно беше пренесен во болница без животот да му биде во опасност.
Денеска претпладне и второто момче беше пронајдено живо. 30-годишниот Иван е пронајден на море на Халкидики, 14 наутички милји оддалеченост од местото каде што исчезнал, југо-југозападно од полуостровот Касандра. Тоа значи дека морските струи го праќале кон Пелион!