Демир Куртановиќ (11 години) почина пред една недела во градот Тутин на југот од Србија кога падот од велосипед завршил кобно за младото момче.
Како што јавуваат српските медиуми, трагедијата се случила на 23 јуни, а момчето одеднаш паднало додека возело велосипед.
– Тој беше пренесен во здравствениот дом во Тутин. Тамошните лекари изјавиле дека станува збор за полесни повреди и го пуштиле на домашно лекување. Сепак, по пристигнувањето во семејната куќа, по неколку часа, на детето му се слошило, пренесува Пештер Прес.
Како што понатаму наведуваат, момчето повторно било пренесено на лекар, а наводно бил направен и обид за пренесување во болницата во Белград.
– За жал, не успеаја да го спасат, момчето почина – наведуваат изворите. Ова не е прва трагедија на ова семејство.
– Пред неколку години почина таткото на Демир. Детето беше прекрасно, пример за сите, добро, секој посакуваше такво момче. Тој страдаше многу од смртта на неговиот татко, не помина ден да не го спомне, смртта на неговиот татко страшно го погоди – велат соседите и додаваат дека целиот град е во жалост. Малиот Демир беше погребан во четвртокот на локалните гробишта, а неговата мајка, брат, сестри и други роднини се простија од него.
Познаниците на семејството Куртановиќ оставија шокантни коментари на социјалните мрежи.
– Почитуван Демир, сега ќе бидеш со татко ти – ова се само дел од шокантните проштални пораки.