Пожарникарите во неделата навечер не успеаја да го стават под контрола шумскиот пожар на грчкиот остров Евија, а итните служби во целата земја и натаму се борат со 10 големи пожари.
По извештаите од медиумите, противпожарните единици, војската и доброволците не успеваат да ја продолжат борбата со пожарот кој беснее во крајбрежниот град Пефки. Волонтерите ги пренесуваат старите граѓани со бродови на сигурно.
Нема вода, животните се оставени на милост и немилост. Пожарот зафаќа и бројни куќи и дрвја, а граѓаните намерно ги сечат дрвјата за да спречат ширење на пламенот.
Грчката телевизија „Скај“ јавува дека со часови никаде немало авиони за гасење. Густиот чад ја прекрива целата област, а проблем прави и ветерот.
На Евија оваа сезона веќе имаше неколку големи пожари кои се протегале во ширина и до седум километри.
„Сами сме, ни се ближи крајот“, рече за Скај Јанис Коциас, градоначалник на градот Истиан на северот од Евија.
Голем број на граѓаните веруваат дека авионите се насочени кон Атина каде што исто така гори.
Колку се прожириле пожарите, доволно говорат и овие сателитски снимки од компанијата „Максар Технолоџис“. Снимките исто така го покажуваат размерот на уништени шуми и населби на Евија.