ОВР Кавадарци до Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.Х.(33) од Кавадарци, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, казниво по член 186 став 1 од Кривичниот законик.
На 09.06.2024 во хотел во Кавадарци, А.Х. физички нападнал и извршил обљуба врз 26-годишна жена од Кавадарци со која бил во врска.
На 02.07.2024 тој е лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријавата.