Обично крштевката и првиот роденден на детето се прават во исто време, но ако прашате една жена од Зрењанин, „дојдоа некои нови времиња“, пишуваат српските медиуми.

Како што раскажува таа, во својата околина се почесто слуша како родителите прво прават крштевка на детето месец дена пред првиот роденден, а потоа и самиот роденден. Идејата зад оваа логика е едноставна – да се добијат двојно пари.

Иако не е правило, на овие прослави најчесто се доаѓа со подарок во плик, а ако се земе предвид дека ако првиот роденден на детето го прославите заедно со крштевката, тогаш тоа значи дека практично добивате само еден плик, а можеби и нешто помалку пари.

Од друга страна, останува малку нејасно како на родиелите им се исплати два пати да плаќаат ресторан, со оглед на тоа што цените на повеќето места сега се околу 30 евра или повеќе, а често се чека и со месеци на терминот.

Доколку сепак одлучите да го прославите првиот роденден во играчница, задоволството ќе ве чини меѓу 7.000 и 30.000 динари. Пресметката има смисла само ако по крштевањето планирате да подготвите ручек низ вашиот дом.

Инаку, како што веќе пишуваа српските медиуми, и цената за крштевање на детето не е наивна. На пример, во Панчево на една жена ѝ биле побарани 17.500 динари по дете.