Нов драматичен меч на ЕП во ракомет – Србија со типичен балкански менталитет. По фуриозната победа над Германија во второто коло, пред малку нашиот северен сосед загуби од Австрија со 26-25 иако Австријците секако тука го завршуваат настапот на првенството.
Првото полувреме беше изедначено. На одморот Србија замина со минимални 13-12. Во вториот дел Австријците го диктираа темпото.
Голем проблем за Србите беа двете исклучувања во периодот од 50-тата минута. Австрија го искористи тоа максимално, па до крајот Србија постојано бркаше негатива од два гола на крајот да стигне до -1.
Дејан Милосаљев имаше 13 одбрани, додека Немања Илиќ постигна шест гола, Стефан Додиќ постигна четири, Пешмалбек, Ѓукиќ и Којадиновиќ по три.
Тобијас Вагнер најпрецизен кај Австријците со шест гола, а МВП на мечот е австрискиот голман Местл со 11 интервенции.
Сега Србија навива за пораз на Германија од Шпанија во мечот кој ќе се одигра вечерва. Со победа на Шпанците, пулените на Раул Гонзалес се во втор круг – во спротивно, ги пакуваат куферите.

