Полицијата презема решителни чекори за внатрешно чистење и сузбивање на организирана шема за нелегално регулирање на престој на странски државјани во државата.

Денес зголемено присуство на полицијата во Штип, Скопје и на дел од граничните премини према Косово.

Неiфицијално Акцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации домови, возила, лични претреси, како и службени простории на МВР, вклучително и канцеларијата за странци зградата на Македонска телевизија, а неофицијално се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема.

Од извори на МВР брифираат дека криминалот ја јаде државата одвнатре, но очигледна е решителноста на полицијата да го воспостави редот и да сузбива разни облици на организиран криминал кој длабоко е вкоренет во администрацијата на секое можно ниво.