Во мирното село Стајковци, на улица „17“, куќа број 3 живеело поголемо семејство со браќа и снаи.
Сега од тројцата браќа само еден е жив, кој има психички проблеми. Тој е осомничен за двојното убиство на неговиот брат и снаа чиј сопруг е починат.
Крвавите траги на улицата „17“ во Стајковци сè уште се видливи, а куќата е плoмбирана.
Осомничениот со тврд предмет ги нападнал неговиот брат и снаа, а потоа си нанел повреди на самиот себе. Педесет и седумгодишната жена полицијата ја пронашла мртва на скалите од семејната куќа, а најзиниот девер, 64-годишниот маж им подлегнал на повредите откако бил однесен на клиника.
Очевидците сведочат дека убиецот имал психички проблеми.
Основното јавно обвинителство извршило увид на лице место. Мотивите зад оваа трагедија се истражуваат.
На местото на настанот се собрани докази за вештачење, а по наредба на јавен обвинител на телата на починатите ќе им бидe извршенa обдукција.