Хрватскиот ракометар Денис Тот (28) несреќно почина на 8-ми април во Скопје како последица на претепување и удари кои ги добил кобната ноќ во Скопје при ноќно излегување.
– По едно необично прикривање, каде прво беше потенцирано дека починал од срцев удар, утврдено е дека хрватскиот ракометар починал како последица на тепањето. Двајца сторители се уапсени во Скопје, а третиот е во бегство. Неговиот брат Борис Тот објави некролог на својот профил на Инстаграм, со што го наведе вторникот како ден кога е закажан погребот на Денис во неговиот роден град Ѓаково, објави вечерва весникот „Вечерњи“.
– Со тажно срце во длабока болка, им јавуваме на нашите роднини и пријатели за тажната вест дека нашиот драг и никогаш непрежален Денис Тот почина во трагична смрт во петокот, 8-ми април 2022 година, на 28-годишна возраст. Последното збогување ќе биде во вторник, 12.04.2022 година, во 15 часот на градските гробишта во Ѓаково. Почивај во Божји мир!