50-годишниот Бајрами Шпетим од Албанија е жртва на убиствениот напад во четвртокот напладне во Солун, пред очите на минувачите. Човекот бил застрелан од 45-годишен сонародник кој се предаде на полицијата денеска.
„Немав мотив да извршам убиство. Во последно време добиввав сериозни закани по мојот живот од жртвата. Имаше два насилни инциденти врз мене од страна на жртвата и надвор од бензинската пумпа повторно бев нападнат од жртвата“.
Вака ѝ рекол на полицијата 45-годишниот маж со албанско потекло кој во четвртокот напладне пред бензинската пумпа во областа Аналипси во Солун го застрела 50-годишниот албански државјанин.
Насилникот, кој се предал денеска, околу 16 часот и 30 минути, во присуство на неговиот адвокат Танасис Алексопулос, на полицијата и укажал каде го оставил автомобилот што го возел вчера попладне и каде го оставил оружјето со кое ја убил жртвата.
На видеото се гледа како жртвата се расправа со возачот на автомобилот, а потоа жртвата се обидува да го удри со синџир. Потоа ги прима истрелите и паѓа на тротоарот.
Според информации, убиецот има хематом и набиеници на главата од напад што го добил од оштетениот со предмет, надвор од бензинската пумпа и поради ова е наредено вештачење.