СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Две силни експлозии одекнаа во главниот град на Авганистан, Кабул. Според извештаите на медиумите, експлозиите одекнале во близина на американската амбасада и претседателската палата.

Претходно беше објавено дека Талибанците влегле во претседателската палата, откако претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, ја напуштил земјата. Талибански претставник денеска изјави дека групата наскоро ќе го прогласи Исламскиот емират на Авганистан и тоа ќе го стори од претседателската палата во Кабул.

Обид да се „спаси кожата“

Додека Талибанците слават во центарот на Кабул и се фотографираат во канцеларијата на Гани, евакуацијата продолжува на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи, се разбира со многу контрадикторни информации. И покрај се, и Европејците и Авганистанците кои соработуваа со НАТО и американската армија се обидуваат да ја спасат својата кожа, бидејќи се плашат од одмазда на Талибанците, кои влегоа во Кабул без да испукаат куршум.

Во текот на денот, евакуацијата продолжи и покрај тоа што Талибанците влегоа во градот. Речиси сите европски дипломати и членови на воената мисија на НАТО се на аеродромот, кој го обезбедуваат американските маринци, додека Талибанците се наоколу.

Има спорадични престрелки и гранатирања, но евакуацијата продолжува и покрај тоа.

Францускиот амбасадор во Авганистан Дејвид Мартон ја овековечи евакуацијата со својот мобилен телефон, снимајќи го моментот на евакуација со американски воен транспортен хеликоптер, како и моментот кога во авионот влегуваат работници од амбасадата и може да се види доверлив материјал.

Од друга страна, француската министерка Флоренс Парли вечерва објави дека претседателот Емануел Макрон наредил два транспортни авиони Ц-130 и А-400М да летаат кон Обединетите Арапски Емирати, од каде ќе започнат операција за евакуација и извлекување на околу 200 француски државјани во раните утрински часови.

Авионите ќе летаат на релација аеродром Кабул-Абу Даби, каде што ќе бидат превземени од од припадниците на француските воздухопловни сили и подготвени за нивно враќање во нивната татковина.

Упатените тврдат дека НАТО не за џабе наредил забрана за полетување на комерцијалните летови од аеродромот во Кабул и наредба дека тоа е дозволено исклучиво за воени авиони. Американската армија денеска испрати неколку авиони за специјални операции, како и еден танкер KC-135T за да го надополни USA-MC-130J. Исто така, транспортниот авион Ц-17 Глоумастер со 300 припадници на американската армија, кој треба да обезбеди евакуација од Кабул, слета во базата Ал Дахфра во ОАЕ.