Вознемирувачко видео од несреќа на Дунав беше објавено на социјалните мрежи, пренесуваат утрово регионалните медиуми.
Видеото, кое според неофицијални информации е снимено на два километра од Текија, покажува глисер кој со голема брзина преминува кајак, во кој имало четири млади веслачи!
Инцидентот се случил на 13-ти јули наутро.
– На романскиот дел на Дунавскиот воден пат, два километри низводно од Текија, се случи инцидент во кој глисер премина четиричлена екипа на кајак?! На кајакот имало јуниори и за среќа тие добиле само полесни телесни повреди, додека кајакот бил тотално уништен, пишува во коментарот под видеото.
Екипажот на бродот од кој бил забележан овој настан, веднаш им помогнал на веслачите. Според неофицијални информации, од непријатниот настан нема учесници од Србија.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.