Во Македонија времето денеска ќе биде сончево и топло со температура до 34 степени.

Во Скопје температурата ќе се искачи до 31 степен. Од УХМР информираат дека и наредните денови ќе биде слично.

Во вторник ќе биде сончево, освен во попладневните часови кога се очекува засилен јужен ветер.

Од среда попладне ќе имаме пороен дожд проследен со грмежи. Во четврток се очекува да врне, особено во источниот дел на Македонија.