Косовската влада одлучи да ги врати најрестриктивните анти-ковид мерки откако бројот на починати и заразени од ковид е во постојан поратс во последните неколку недели. Повторно од утре ќе има забрана за движење на граѓаните од 22 до 05 часот наутро, а ќе биде скратено и работното време на кафулињата, рестораните и сите останати угостителски локали до 21.30. Тие ќе може да примаат гости само на летните терасите со 70 отсто од капацитетите.
Истовремено донесена е и одлука новата учебна година да почне на 13 септември. Забранети се и свадбите и сите организирани семејни веселби, како и ученички и студентски екскурзии и матурски вечери.
При влез во Косово потребно е да се приложи сертификат за вакцинација со една или две дози, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, или серолошки тест не постар од 30 дена. Лицата кои не поседуваат еден од тие документи треба под заклетва да потпишат изјава за седумдневна самоизолација.
Сосема исто како и Македонија и Црна Гора, и Косово од понеделник поворно ќе биде ставено на т.н. „црна листа“ за туристички патувања во ЕУ, и се смета за земја со висок ризик од зараза со корона вирусот.