Трагичната несреќа со смртта на 21-годишното момче, потомок на богато семејство од Велика Британија, во понеделникот вечерта во близина на Атина предизвика брза интервенција на грчкото обвинителството.

Момчето го загуби животот кога од засега нејасни причини при враќањето од Миконос кон еден хелиодром во близина на Атина, од каде требало со приватен авион да одлета за Британија, беше распарчен од задниот пропелер на хеликоптерот од кој се симнал.

Има сериозни неодговорени прашања за тоа како младиот човек бил распарчен од пропелерот на хеликоптерот. Обвинителството нареди итна прелиминарна истрага за да се истражат околностите во кои младиот Џек Фентон ја дочекал својата страшна смрт.

21-годишниот Џек Фентон

Според извештаите, 21-годишниот Британец му пришол на пропелерот на опашката на хеликоптерот за да направи селфи, но никој не знае зошто пропелерот работел, дали пилотот го предупредил патникот или тој не го послушал.

Полицијата по трагедијата ги изведе пред лицето на правдата операторот со хеликоптерот и двајца копнени техничари. Сепак, тројцата мажи беа ослободени без обвинение.

Ваков беше епилогот затоа што надлежниот обвинител одлучи пред да се преземат какви било дејствија да се заврши обвинителската истрага во контекст на која ќе се бараат потенцијални кривични одговорности.

21-годишниот Џек Фентон бил во Грција на одмор со родителите и братот. Тој и неговиот брат биле во кобниот хеликоптер, а нивните родители биле на вториот што следел по нив.

Џек со неговиот татко

Семејството, членови на британскиот џет-сет, дошло на одмор во Грција. Тие биле во Миконос од каде најмиле хеликоптери да ги донесат во Шпата и оттаму да се качат во лимузина која ќе ги однесе до нивниот приватен авион со кој ќе се вратат во Британија.