Маж од Загреб ја водел својата сопруга гола низ селото за да ја осуди дека е прељубничка. По апсењето тој ги уверувал истражителите дека тој всушност е добар, пишува Н1.

Истражен судија му одреди мерка притвор за да го спречи да го повтори овој вид на кривично дело. Имено, тој бил крајно насилен кон сопругата. Ја удрил по глава обвинувајќи ја дека е ку*ва.

“Зошто го направи тоа? К…! Признај се!” викал кон жената. После тоа, ја извлекол гола од дома и ја водел низ селото за да ја разоткрие пред сите како прељубница.

На крајот бил приведен и пријавен за семејно насилство, закани и нанесување телесни повреди. Обвинителството побара да му биде изречена мерка притвор за да не влијае врз сведоците, пред се неговата жртва и да не го повтори делото.

Истражниот судија констатирал дека ова барање е оправдано, па осомничениот маж бил однесен во истражен затвор