Министерството за внатрешни работи денеска соопшти официјални информации за сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице.
Несреќата била пријавена околу 20.05 часот во СВР Скопје, а се случила во с.Батинци, скопско
-Сообраќајната несреќа се случила меѓу „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувана од Н.Р.(49) од с.Батинци и „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(26) од с.Батинци. По несреќата Н.Р. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде била констатирана смрт, информира МВР.
А.Х. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.