Амела Фетаховиќ, долгогодишната фудбалерка на СФК Сараево 2000 година и фудбалска репрезентативка на Босна и Херцеговина, починала по сообраќајна несреќа, пренесува Спорт1.

Трагичната вест го зави во црно нејзиното семејство, пријателите, соиграчите и сите оние кои ја следеа во текот на нејзината кариера.

Фетаховиќ (35) потекнува од СФК Сараево 2000 година, а покрај повеќекратните шампиони на Босна и Херцеговина настапувала и за репрезентацијата на БиХ, како и за клубовите за Фортуна и Искра во БиХ, за Раднички во Србија и Унион Нова Замки во Словачка, пренесува Српскаинфо.

Неофицијално, Фетаховиќ доживеала сообраќајна несреќа во Сараево, а како последица на несреќата и здобиените повреди во неа, таа вчера попладне им подлегнала на повредите.