Наталија Раданчиќ (23), студентка по медицина и ќерка на познат адвокат, загина во сообраќајна несреќа што се случи во Књажевац кога „пежо 206“ во која се наоѓала се судрила со „форд“. Т.М. (17), кој го управувал автомобилот во кој се наоѓала Наталија, избегал од местото по несреќата и ја оставил зад себе.
Т.М возел под дејство на алкохол, поточнo имал 1,16 промили алкохол во крвта и возел со пробна возачка дозвола. Тој удрил во „форд“ што доаѓало од спротивен правец, во кое биле возачот (21) и сопатник (25).
Исто така, утврдено е дека дваесет и едногодишниот возач на Фордот управувал со 1,69 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола.
Наталија морале да ја извлечат пожарникарите од автомобилот бидејќи во згмеченото возило и биле заглавени нозете, по што била пренесена во здравствениот дом каде што им подлегнала на повредите.