Петмина загинати, меѓу кои 19-годишник и 16-годишник, е билансот од страотната сообраќајна несреќа што се случи во вторникот попладне на обиколницата во Едеса во близина на Солун.
Сообраќајната несреќа се случила кога автомобилот во кој се превезувале петте лица со албанско потекло, кои според информациите, биле работници и се движеле кон Црна Гора, од непозната причина се забил под камион кој бил во спротивен правец на сообраќај.
По интервенцијата на пожарникарите, 55-годишник, 50-годишник, 19-годишник, 16-годишник и уште едно лице чиј идентитет сè уште не е утврден биле извадени мртви од уништениот автообил.
Според информации, возач и сопатник во автомобилот биле 55-годишниот и 50-годишниот. Показател за сериозноста на судирот е фактот што единствениот дел од автомобилот кој остана недопрен е багажникот.