Според српските медиуми, новата девојка на Ѓорѓе Ѓоковиќ, помладиот брат на светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ, е моделката и водителка Сашка Веселинов.

Како што пишува „Ало!“, Ѓорѓе е во врска со Сашка десет месеци, а пред три месеци започнале да живеат заедно.

Две години не се знаеше ништо за емотивниот живот на најмладиот од тројцата браќа Ѓоковиќ. Откако стави точка на четиригодишната врска со Тијана Ралиќ, сите ги интересираше, но никој не успеа да открие дали некоја нова убавица го освоила неговото срце.

Како што понатаму се наведува, на јавноста не и е познато колку е сериозна врската и како Сашка била прифатена од родителите на Ѓорѓе, како и дали врската ќе трае доволно долго за таа да стане снаа на Ѓоковиќ.

Сашка Веселинов, инаку, неодамна зборуваше за тоа како ја замислува својата свадба.

– Да е лето и убаво времето, романтично, со бели рози. Саша Матиќ да пее. Може да биде на море… И сопругот да е оној вистинскиот, не сакам да си играм брак и да се мажам повеќе пати, изјавила за „Ред“ новата девојка на Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Сашка е многу популарна и на социјалните мрежи каде ја следат повеќе од 20.000 луѓе.

📷

📷

📷

📷

📷