Германскиот тенисер Александар Зверев приреди изненадување и со пресврт го елиминира Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио.
По мечот, Зверев истакнал дека Србинот е еден од најголемите на сите времиња, но не може да освои се што сака.
На самата мрежа, како што пренесуваат српските медиуми, Зверев му се обратил на Новак со следниве зборови:
-Ти си еден од најголемите играчи на сите времиња. Извини за ова, рекол Зверев во прегратка на Ѓоковиќ.
Зверев се пласира во финалето на Олимпискиот турнир, а таму за златото ќе игра со рускиот тенисер Карен Качанов.
– Новак Ѓоковиќ освои 20 Грен Слем титули. Не може да освои сѐ… Му кажав дека е еден од најголемите на сите времиња. Знам дека ловеше историја, сакаше Златен слем. Секако дека сум среќен што победив, но исто знам и како тој се чувствува, изјави Зверев.