Шестгодишното момче од Белгија пред пет дена било каснато од поскок во хрватскиот Национален парк Пакленица додека се шетало со семејството. Кога застанале покрај реката, момчето се фатило за гранка, не знаејќи дека таму има змија.

Веднаш започнала трка со времето за да му се помогне. За жал, на таа локација немало мобилен сигнал, па морале да се вратат на влезот во паркот каде нашле станица за прва помош.

Змијата го каснала момчето за прстот, но семејството не било сигурно дали змијата е отровна. Момчето почнало да се чувствува лошо, а недостатокот на сигнал го отежнувал контактирањето со помош. За среќа, таткото решил да го носи момчето на раменици, што се покажало дека е клучот за спасување на неговиот живот. Имено, доколку детето одело само, одењето само ќе го забрзало протокот на крв и побрзо ќе се раширел отровот низ телото. Семејството се вратило на влезот во паркот, каде членовите на Планинарската спасувачка служба и работниците од паркот ги пренеле во болница.

Мајката ја фотографирала змијата, фотографија која подоцна помогнала во дијагнозата и лекувањето. Утврдено е дека змијата е отровна, а работниците во паркот претходно не се соочиле си тоа дете да биде каснато од поскок.

На момчето му вбризгале противотров во задарската болница, но бидејќи станува збор за дете, лекарите веднаш не знаеле која е препорачаната доза. Родителите биле загрижени за животот на нивниот син, бидејќи отровот полека се ширел кон срцето. За среќа, таткото на момчето направил храбар потег со тоа што навреме го довел до помош.

Момчето потоа било префрлено во болницата во Сплит, каде моментално се наоѓа на одделението за интензивна нега. Неговото семејство се надева дека наскоро ќе се врати во Белгија и сака да ги предупреди другите туристи за опасностите за кои не биле свесни. Тие нагласуваат дека не забележале никакви предупредувачки знаци за присуство на отровни змии.

Директорката на Националниот парк Пакленица, Наталија Андачиќ изјави дека отровните каснувања се исклучително ретки. Во последните дваесетина години паметат само еден таков случај во паркот. Работниците во паркот и ХГСС се секогаш подготвени да помогнат во вакви ситуации, а соработката им овозможува побрзо и поефективно да интервенираат.