Маж В.Р. (34) кој ја убил својата девојка И.Р.(26) во козметички салон во Нови Сад, претходно бил пријавен за насилство врз поранешната партнерка и имал забрана за приближување која му била изречена на 25 април годинава.
Овој пар раскинал пред кобниот настан, пишува Блиц.
– Тие беа во врска повеќе од една година, а пред шест месеци почнаа да се караат. Неколку пати и се заканувал, последен пат и вперил оружје, затоа и му било одземено оружјето и добил забрана за приближување, а потоа поради сите тие инциденти бил отпуштен од фирмата – вели изворот.
Како што понатаму се наведува, дека никому не му е јасно како дошол до поседување на оружје, а се сомнева дека го украл од продавницата во која работел пред отказот.
Полицијата му изрече итна забрана за приближување и му одзела шест пушки откако неговата девојка го пријавила кон крајот на април.
Пиштолот со кој го извршил убиството и се самоубил бил во недозволено поседување, додека оружјето кое било одземено било легално. Полицијата распиша потерница и одзеде оружје како превентивна мерка за спречување на кривични дела.
Да потсетиме, В.Р. влетал во козметички салон во Нови Сад, а потоа пукал во својата девојка И.Р, па во себе.
Несреќната И.Р. (26) починал на лице место, а В.Р. кој од повредите починал во Клиничкиот центар во Војводина, бил ловџија.