Двајца луѓе се убиени во пукање во фабрика на „Мерцедес-Бенц“ во југозападна Германија, при што е уапсен 53-годишен маж. Од фабриката во Зинделфинген го потврдија инцидентот, додека обвинителството на Штутгарт кажа дека нема други повредени.

Полицијата го опиша инцидентот како излив на бес.

„Едно лице е во притвор и веќе не претставува опасност. Станува збор за вработени во одделението за давање надворешни услуги“, соопшти „Мерцедес-Бенц“.

Отворен во 1915, погонот во Зинделфинген е најстарата активна фабрика на „Мерцедес“, која вработува 35.000 луѓе.