По 27 часа детално пребарување на теренот, припадниците на МУП ја прекинаа натамошната потрага со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 километри квадратни. Сепак, се уште е мистерија како во вторникот попладне исчезнала двегодишната Данка Илиќ.

Новинарот Младен Радуловиќ, кој важи за човек со големо искуство за вакви случаи, во текот на вчерашниот ден беше на местото на исчезнувањето на малата Данка, од каде на ги пренесе најновите информации од теренот.

Сега во гостувањето во емисијата Пулс на Србија зборуваше за нелогичноста во изјавата на мајката на малата Данка.

– Веднаш да ја разјасниме клучната точка во целата истрага. Тоа беше полициско откритие дека изјавата на мајката всушност не се поклопува со ниту една реална ситуација на теренот. Според првите информации таа рекла дека на детето му дала вода од куќата. Ова е информацијата што всушност протече кај нас новинарите вчера. Кога полицијата дошла на местото на настанот открила дека викендицата е затворена и веднаш дошло до несовпаѓање во исказот на состојбата на терен и потоа било одлучено да се сослуша мајката. Така, мајката рекла дека влегла во куќата и му дала вода на детето, а куќата била затворена, а потоа веднаш било нелогично да може да влезе во куќата. Куќата е под клуч и очигледно таму има голем шут, штом дојде багерот, тоа значи дека куќата треба да се расчисти. Станува збор за голема куќа која не е употреблива, но се користи за правење кафе или евентуално ручек во природа, но куќата не може да се користи како место за спиење. Затоа багерот пристигнал да го расчисти целиот тој хаос таму во тој двор, па полицијата потоа се фокусирала на мајката и го барала нејзиниот телефон за да и ја реконструира комуникацијата последните денови – изјави Радуловиќ.