Еминентниот белградски адвокат Тома Фила кој по потекло од Македонија (роден во Битола) кажа кои се, според него, двете можни сценарија за исчезнувањето на малата Данка Илиќ (2).

Двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор исчезна завчера околу 13 часот во населбата Бањско поле кај Бор. Поради исчезнувањето, за прв пат е активиран системот „Најди ме“.

Адвокатот Тома Фила изјавува дека моментално го исклучува најлошото сценарио, бидејќи досега ќе ја пронајдеа.

Тој додаде дека Игор Јуриќ, таткото на трагично загинатата Тијана Јуриќ, завршил одлична работа кога е во прашање активирањето на системот „Најди ме“ и дека тоа е голема работа.

Тој се осврна и на можниот исход од исчезнувањето на Данка Илиќ, каде презентираше две можни сценарија. Фила нагласи дека прво треба да се проверат родителите бидејќи е невозможно двегодишно дете едноставно да исчезне. Како втор можен случај изјавил дека се работи за киднапирање.

Имено, како што изјави Фила веднаш по исчезнувањето на детето, прво се запрашал како двегодишно дете може толку брзо да исчезне.

– Чудно е, знаете, таа е многу мала. Истрагата мора да се направи темелно, се мора да се прочешла и проверува, има многу нелогичности во сето тоа – рече Фила.

– Мало место е, има многу полиција. Досега ќе ја најдеа, и затоа се ми личи на киднапирање или на продажба, има многу нелогичности – заклучи Фила.

На прашањето која е неговата теорија за се што се случува, со оглед на тоа што има огромно искуство, Фила вели дека сите докази укажуваат на тоа дека најверојатно девојчето е киднапирано.