Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина Тошиќ се повеќе е популарна во јавноста и тоа на социјалните мрежи.
Атина нејзината соба ја скоцкала баш во нејзин стил, а сега со фановите покажа и како изгледа целосно нејзината детска соба за која мечтаат многу девојчиња.
Атина имено на Тик-Ток објави видео снимка на која се гледа нејзината соба- целата е во розова боја, а на многумина им падна во очи и еден детаљ, а тоа е како има баш такви тапети.
Имено зад нејзиниот кревет се наоѓа колаж во розова и виолетова боја, а сето тоа го направила Атина самата.
Таа споила разгледници и фотографии на ѕидот над креветот со што во собата додала свој лични придонес.
Инаку парот Карлеуша и Тошиќ неодамна купија вила од 3 милиони евра која ја реновираа и е подготвена за да се преселат.