Тешко на младите кои се принудени да зачекорат во свет во кои Агнеса и останатите Агнеси имаат 100000+ следачи на инстаграм, а еден Симон Трпчески 3845.

Како масовна хипноза, како секташки обреди изгледа јавното славење на плиткоста кое секојдневно го сведочиме. Језиво во најмала рака изгледа глорификацијата на пластиката набутана во усни, цицки и газови и врз нив некое мало брендирано парченце текстил.

Голотија и кич, проституција, измами и лаги, психички нестабилни особи, пари и лажна моќ, навидум популарност, навидум перфекција, сѐ тоа сервирано како живот, како начин на живот, како надмудрување на системот кој едно време генерираше вистински образовани и воспитани индивидуи, луѓе кои жртвуваа години од својата младост за да остават вистински траг, да го направат светот подобро место за живеење.

После милениуми развој, после милиони предизвици, после стотици генерации…зарем ова сега е врвот во досегашниот човечки развој?
После сѐ, зарем не изградивме ништо повеќе од лажни, евтини светови во кои искрената емоција е слабост, а најевтиното поддржано од милиони лајкови носи моќ?

Зарем не изградивме ништо подобро од најлошиот театар на светот, оној во кој главни ѕвезди на штиците што живот значат се музите и агнесите?!

Ова е тоа?
Вака ќе биде?
Ова е врвот?

(ФБ статус на младиот автор Мартин Јованоски)