„Ловќен банка“ ги извести своите клиенти и јавноста дека на 12.04.2023 година, во експозитурата на таа банка во Херцег Нови, непознато женско лице извршило измама со употреба на фалсификувани документи во случајот на еден клиент.
Како што се наведува во соопштението на „Ловќен банка“ доставено до „Вијести“, стручните служби на банката за сите детали ги известиле надлежните државни органи, за да биде покрената истрага.
– Преземени се сите мерки за целосна заштита на оштетениот клиент, со напомена дека се работи за изолиран случај кој е покриен со полиса за осигурување и кој не може да влијае на редовното функционирање на Банката. За да се спроведе квалитетна истрага, „Ловќен банка“ целосно ќе им стои на располагање на надлежните државни органи и истовремено ја информира јавноста дека нема да дава изјави, за да не се наруши понатамошниот тек на истрагата, изјавија за „Вијести“ од банката.
„Ловќен банка“ им се заблагодари на клиентите за довербата и се радува на идна соработка и заеднички успеси.
Полицијата во Црна Гора трага по жена која на 12 април со фалсификувани документи на клиент на „Ловчен банка“ подигнала 1,3 милиони евра од сметката.
Според информациите на „Вијести“, банката ја известила полицијата ден подоцна, кога М.О. од Будва рекла дека не барала да и’ бидат исплатени парите што ги чувала во банка.
Од Управата на полицијата неофицијално велат дека тогаш било утврдено оти парите му ги дале на лице кое приложило фалсификувана лична карта на име М.О. Наводно, измамничката на 11 април најавила дека ќе ги повлече заштедите во филијалата на банката во Херцег Нови, од каде, со оглед на големата сума, била информирана кога да дојде.
Ден подоцна влегла во банката со ранец, ги зела парите и си заминала.
Измамата била откриена кога досиејата биле испратени во седиштето на банката во Подгорица, од каде стапиле во контакт со клиентката, која ги известила дека не дошла во Црна Гора повеќе од една година.
„По наредба на обвинителот се работи за откривање на неидентификуваното лице кое ја извршило измамата. На снимките од надзорните камери јасно е забележан сторителот“, неофицијално соопштија од полицијата.
Според истите информации, внатрешна истрага се води и во банката. Тие рекоа и дека ги известиле надлежните за настанот и дека ќе дадат максимален придонес за откривање на виновниците.
„Преземени се сите мерки за целосна заштита на повредениот клиент, со напомена дека се работи за изолиран случај кој е покриен со полиса за осигурување и кој не може да влијае на редовното функционирање на Банката“, соопштуваат од банката.