Дејвид Бекам на својот инстаграм-профил сподели фотографии од една прошетка со својата 10-годишна ќерка Харпер Севен.

Имено, на една од фотографиите фудбалерот ја бакнува својата ќерка во уста, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

„ТАТО И ПРИНЦЕЗАТА ИМАА ПРЕКРАСНА ПРОШЕТКА УТРОВО“, НАПИША БЕКАМ ВО ОПИСОТ НА ОБЈАВАТА, А КРИТИКИТЕ ВО КОМЕНТАРИТЕ ВЕДНАШ ПОЧНАА ДА СЕ НИЖАТ.

„Таа е веќе голема девојка и време е да престанеш да ја бакнуваш во уста. Изгледа лошо… Ајде луѓе, па и Викторија треба да му каже да не го прави ова“, „Извини, но престрашно е тоа што го прават, во ред е да сподели колку ја сака ќерка си, но малку претера“, „Чудно“, „Навистина доста е“, се само дел од коментарите.

Имаше различни мислења на луѓето кои пишуваа дека ова е нормален начин родителите да покажат љубов кон своите деца, а од друга страна дел од луѓето се згрозени од овој гест.

Бекам порано споделуваше слични фотографии со својата ќерка Харпер, а уште тогаш многумина го предупредуваа дека тоа не е сосема нормално.