Велигден е најубавиот православен празник, а ова се најубавите пораки.
*Нека од Велигден до Велигден биде присутна кај сите вас … ЉУБОВТА … ИСКРЕНОСТА … ДОБРОДУШНОСТА … и секогаш бидете она што и всушност сте за да сите знаат колку е убаво да си бидете само … СВОИ … Имајте … ПРЕСРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ …
*Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
*Да го празнуваме животот денес. Да го воскреснеме Исус во нашите срца. Да ги отвориме душите за љубов и радост.
*Додека велигденски јајца кршиш во твојата душа нека владее мир,нека Христос ти даде снага да злото не те совлада. И нека оваа реченица ти се мота низ глава “денес е почеток на нов живот” и денешниот празник нека ти донесе многу среќа и љубов. Христос Воскресе.
*Слезе од небото заради наше спасение. Страдаше па заради нас воскресна, се вознесе на небото. Нека силата божја го благослови твоето постоење. Христос воскресна – Навистина воскресна !!!
*Нека светлината на Христовото Воскресение ви ги осветли вашите срца,а неговата бесконечна љубов,го благослови вашиот живот и вашиот дом … Христос Воскресна
*Денес нека се веселат небесата, нека се радува Земјата, нека празнуваат видливите и невидливите светови, зашто Христос, нашата Вечна радост – Воскресна од мртвите ! Нека ни е за многу години празникот Христијани… Христос Bоскресе
*Ви го честитам овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé е поразлично од она што го имавме вчера, сé изгледа подобро и повеличенствено. Да ја искусиме целата сила на оваа Пасхална радост, зашто, само во светлината на Воскресението, животот добива вистинско значење. *Честит Велигден!
Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови.