Пред неколку години, диетата што ја практикуваа американските маринци беше апсолутен хит, а судејќи според веб-страниците кои се занимаваат со здрава исхрана, Воената диета се враќа на големата врата.
Воената диета гарантира слабеење, топење на масните наслаги и видливи „плочки“ на стомакот во рекордно време.
Воената диета е смислена со цел да им помогне на луѓето кои сакаат да ослабат да изгубат значително количество тежина за краток временски период. Токму поради ова, нутриционистите имаат поделени мислења за долгорочниот ефект врз телесната тежина, како и за здравствените последици за луѓето кои ја избрале оваа диета.
Што всушност е воената диета?
Воената диета е план за исхрана кој наводно води до губење на дури 4,5 килограми за една недела и до 14 килограми за еден месец. Радикално го намалува внесот на калории и, според неговите популаризатори, значително го забрзува метаболизмот.
Главно се базира на протеини, додека мастите и јаглехидратите се многу малку присутни во оваа диета. Воената диета само регулира што треба да јадете и пиете, а не бара од вас да купувате суплементи или други препарати.
Како треба да изгледа воената диета?
За време на воената диета, три дена во неделата треба да се придржувате до строг план за исхрана, додека останатите четири имате одредена слобода да ја изберете вашата храна, со одредба дека не смеете да консумирате повеќе од 1.500 калории дневно.
Првите три дена од неделата треба да имате само три оброци (појадок, ручек и вечера), додека грицките се строго забранети. Доколку го следите овој план на исхрана, првиот ден од неделата ќе внесете 1.400 калории, вториот 1.200 и третиот 1.100 калории. Воената диета се препорачува да ја практикувате еден месец.
Што можеме да јадеме?
Во рестриктивната фаза на диетата (првите три дена од неделата) дозволено е да ги консумирате само следните шеснаесет намирници:
леб од цело зрно;
солени крекери;
грејпфрут;
јаболка;
банани;
јајца;
путер од кикирики;
Чедар сирење;
младо сирење;
туна;
боранија;
моркови;
брокула;
виршли;
месо;
сладолед од ванила.
Што можеме да пиеме?
За време на спроведувањето на воената диета, пожелно е редовно да се пие вода и билни чаеви. Дозволено е да пиете и чај или кафе со кофеин, но само до две шолји дневно и без адитиви како шеќер, шлаг и други засладувачи.
План за воена диета
прв ден
Појадок:
1/2 грејпфрут;
1 парче тост од цело зрно;
2 лажици несолен путер од кикирики, без додаден шеќер;
1 шолја кафе или чај со кофеин.
Ручек:
1/2 конзерва туна;
1 парче тост од цело зрно;
1 шолја кафе или чај со кофеин.
Вечера:
85 гр секаков вид месо;
1 чаша боранија;
1 јаболко;
1/2 банана;
1 чаша сладолед од ванила.
Втор ден
Појадок:
1 јајце (пржено, варено) без додатоци;
1 парче тост од цело зрно;
1/2 банана.
Ручек:
1 тврдо варено јајце;
1 шолја младо сирење/урда;
5 солени крекери.
Вечера:
2 виршли;
1 чаша брокула;
1/2 чаша моркови;
1/2 банана;
1/2 чаша сладолед од ванила.
Трет ден
Појадок:
5 солени крекери;
1 парче чедар сирење;
1 јаболко.
Ручек:
1 тврдо варено јајце;
1 парче тост од цело зрно.
Вечера:
1 конзерва туна;
1/2 банана;
1 чаша сладолед од ванила.
По завршувањето на трите дена, можете да јадете што било во следните четири дена доколку не внесувате повеќе од 1.500 калории дневно.